
Во индустриската зона на општината Стара Пазова на 10 март отворен е најмодерниот дистрибутивно-логистички центар „Делта транспорт систем“ (ДТС) во кој е инвестирано околу 10 милиони евра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во индустриската зона на општината Стара Пазова на 10 март отворен е најмодерниот дистрибутивно-логистички центар „Делта транспорт систем" (ДТС) во кој е инвестирано околу 10 милиони евра.
Центарот е со површина од 20.730 квадратни метри, со можност, во втората фаза, да се доградат уште 14.500 квадратни метри простор за складирање. Капацитетот на центарот е 26.000 палетни места, со различни режими на температура, од -20 до + 25 °C.
Најважната вест за денес е отворањето на нови 400 работни места, изјави претседателот на „Делта" Мирослав Мишковиќ. Новите вработувања се најважната задача и за државата и за нас, компаниите.
Благодарение на оваа инвестиција вредна 10,2 милиони евра, „Делта транспорт систем" дневно ќе може да прифати и да дистрибуира 3.000 палети и да ги задоволи барањата на мрежа од 15.000 купувачи во Србија. Со таквата инфраструктура ДТС станува лидер во областа на домашниот транспорт, складирање, шпедиција и логистика, рече Војин Милиќ, генерален директор на „Делта транспорт систем".