
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во Загреб е претставено Здружението на хрватските откупувачи и преработувачи на млеко „КроМилк“. Тоа ги опфаќа големите, средните и малите преработувачи на млеко во Хрватска со цел обезбедување поддршка во прилагодување на работењето на хрватскиот млекарски сектор кон заедничката земјоделска политика на Европската унија.
Во Загреб е претставено Здружението на хрватските откупувачи и преработувачи на млеко „КроМилк". Тоа ги опфаќа големите, средните и малите преработувачи на млеко во Хрватска со цел обезбедување поддршка во прилагодување на работењето на хрватскиот млекарски сектор кон заедничката земјоделска политика на Европската унија.

„КроМилк" е членка на Европското здружение на млечната индустрија (European Dairy Association – EDA), со што се создадени предуслови за соработка со хрватскиот млекарски сектор при прилагодување и креирање на одредени политики на Европската унија. Исто така, млекарскиот сектор ќе учествува во стручните расправи во процесот на донесување на европските аграрни политики и правила и собирање на најдобрите европски пракси, имплементирајќи ги на домашниот пазар.
Претседателката на „КроМилк", Рашељка Марас нагласи дека клучните цели на Здружението се јакнење на конкурентноста на домашниот млекарски сектор, подготовка и имплементација на едукативните проекти наменети за примарниот сектор, индустрија, но и на хрватските потрошувачи, финансирани од фондот на Европската унија.
На претставувањето на „КроМилк" беше нагласено дека влегувањето на Хрватска во Европаската унија за домашниот млекарски сектор, особено индустријата и фармерите, краткорочно претставува голем предизвик, но долгорочно ќе има позитивно влијание, во поглед на консолидација на секторот, унапредување на работењето и поголема иновативност.