
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Групацијата „Орбико“ чиј сопственик е Бранко Роглиќ, го склучи најголемиот договор во својата деловна историја. По една година преговори со „Зивиец груп“, најголемиот производител на пиво и дистирбутер на жестоки пијалаци и вина, договорено е купување на акции во полската компанија „Дистрибев“.
Групацијата „Орбико" чиј сопственик е Бранко Роглиќ, го склучи најголемиот договор во својата деловна историја. По една година преговори со „Зивиец груп", најголемиот производител на пиво и дистрибутер на жестоки пијалаци и вина, договорено е купување на акции во полската компанија „Дистрибев".
„Дистрибев" е компанија за продажба и дистрибуција во секторите малопродажба и хорека.
Тимот на „Орбико" влегува во сите хотели, кафулиња и ресторани во Полска, а договорот чека одобрение од Агенцијата за заштита на пазарната конкуренција. Вредноста на транскацијата изнесува околу 40 милиони евра. Групацијата „Орбико", еден од најголемите европски дистрибутери на стока за широка потрошувачка, работи во 17 земји во ЕУ, а според порталот vecernji.hr со преземањето на „Дистрибев", компанијата ќе ги зголеми годишните приходи за околу 400 милиони евра.
Оваа аквизиција се оценува како најголемиот чекор во историјата на „Орбико" и двојно е поголема во однос на последната, исто така во Полска, со која во јули 2014 година „Орбико" ја презеде „Наво" за 216 милиони евра.