
Дистрибутерската компанија „Орбико“ почна со проектот за извоз на квалитетни словенечки и хрватски вина во Полска, преку својата компанија „Дистрибев Орбико“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Дистрибутерската компанија „Орбико" почна со проектот за извоз на квалитетни словенечки и хрватски вина во Полска, преку својата компанија „Дистрибев Орбико".
Минатата недела во Полска биле извезени вината на „Илочки подруми", а како што најавуваат од компанијата интензивно се преговара и со „Бадел 1862", „Феравино", како и со „Скарамуча" од Пељешац и „Истенич" од Словенија.
Директорот за развојни активности за „Орбико груп", Кораљка Томиќ, верува дека преговорите ќе бидат успешни и дека тие или некои други винарници, веќе од почетокот на наредната година ќе можат да се најдат на пазарот во Полска. Според нејзините зборови, во оваа земја виното сѐ повеќе претставува статусен симбол, така што „Орбико" смета дека тоа е добра можност за пласман на хрватските и словенечките вина.