
Компанијата „Орбико“ – Сараево, на почетокот на годинава, почна да соработува со водечкиот бренд на минерални води во Словенија, „Раденска“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Орбико" – Сараево, на почетокот на годинава, почна да соработува со водечкиот бренд на минерални води во Словенија, „Раденска".
Денес, „Раденска" е светски позната фирма, што брзо се приспособува на промените и на новите трендови. Со оглед на искуството на „Орбико" во поглед на дистрибуцијата, производите на „Раденска" сигурно ќе бидат дел од потрошувачката кошница на многубројни купувачи во БИХ, изјавија од „Орбико".
Директорот на „Раденска" Мариан Шефчович, за магазинот InStore изјави: Тие се голем играч и ни одговара нивната структура. Во прашање е семејно претпријатие, а за работата може да разговараме непосредно со сопственикот. Станува збор за долготрајно партнерство, бидејќи соработуваме веќе со „Орбико" – Хрватска. Таа соработка сега ја надоградивме, бидејќи со тие луѓе добро се разбираме. На крајот на краиштата „Раденска" има три срца, не само едно.