
Групацијата „Орбико“ ја презеде дистрибуцијата на производите на најголемиот производител на житарици „Келогс“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Групацијата „Орбико" ја презеде дистрибуцијата на производите на најголемиот производител на житарици „Келогс".

Оваа групација, во сопственост на Бранко Роглиќ, дистрибуцијата ќе ја извршува во 11 земји во кои живеат 150 милиони жители, односно во Полска, Чешка, Словачка, Унгарија, Бугарија, Молдавија, како и во сите држави во поранешна Југославија.
Роглиќ ја потврди информацијата, додавајќи дека преговорите траеја две години. Годината што поминува, за „Орбико" е една од најуспешните. Ги остваривме планираните приходи од 1,07 милијарди евра и ги надминавме приходите од минатата година за околу 150 милиони. Ја презедовме полската „Наво Група" и станавме водечки дистрибутер на стока за широка потрошувачка. Според големината на приходите, минатата година „Орбико" беше седма компанија во Хрватска, а оваа година го достигна петото место, изјави Роголиќ.