
Минатата недела во Торино, италијанската компанија „Лаваца“ и хрватскиот дистрибутер „Орбико“ потпишаа договор, со што „Орбико“ стана новиот дистрибутер на Lavazza на територијата на Хрватска.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Минатата недела во Торино, италијанската компанија „Лаваца" и хрватскиот дистрибутер „Орбико" потпишаа договор, со што „Орбико" стана новиот дистрибутер на Lavazza на територијата на Хрватска.
.jpg)
Со договорот се дефинира дистрибуцијата во малопродажбата и во хорека каналот, а со неговото потпишување почнува нова ера на Lavazza во Хрватска. Таа ќе биде обележана со нова инвестициска фаза, за зголемување на бројот на корисници на ова кафе во сите сегменти, дополнително приближување на пазарот и воведување иновации и нови производи, се истакнува во соопштението.
Потпишувањето на договорот меѓу „Лаваца" и „Орбико" се однесува исклучиво на дистрибуција во малопродажбата и во хорека каналот и тоа на територијата на Хрватска. Дистрибутери на капсулите за канцелариска употреба и понатаму остануваат компаниите „Дринкоматик" и „Тривендинг". Од друга страна, компанијата „Моја кава", која во периодот додека се бараше новиот дистрибутер, ја вршеше дистрибуцијата во двата канала, сега ќе го дистрибуира кафето само на словенечкиот пазар.
Со нашите нови пазарни и деловни пристапи, дополнително ќе инвестираме во развој на нашиот бренд на хрватскиот пазар, ќе го зајакнеме производственото портфолио и нашата присутност во Хрватска, изјави Мауро Мантовини, директор за продажба во „Лаваца". Тој додаде дека се исклучително среќни што во Хрватска пронашле доверлив, професионален и стабилен партнер како што е „Орбико".
| Уверен сум дека ова партнерсто ќе значи ново развојно ниво за двете компании – „Орбико" добива уште еден светски бренд во своето дистрибутивно портфолио, а „Лаваца" ќе ја добие нашата целосна посветеност, што одговара на нивните амбициозни планови во Хрватска, нагласи Бранимир Роглиќ, сопственик на „Орбико". (на сликата). |