
Дистрибутерската куќа „Орбико“, што работи во 19 земји, ја презеде словенечката компанија „Еверет интернатионал“, односно групацијата „Еверет“, еден од најголемите регионални дистрибутери на козметички производи.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Дистрибутерската куќа „Орбико", што работи во 19 земји, ја презеде словенечката компанија „Еверет интернатионал", односно групацијата „Еверет", еден од најголемите регионални дистрибутери на козметички производи.
Компанијата „Еверет интернатионал" е со седиште во Словенија и остварува годишен приход поголем од 33 милиони евра. Групацијата „Еверет" дистрибуира околу 130 брендови и работи на 12 пазари. Има подружници во државите настанати по распадот на Југославија, како и во Унгарија, Романија, Бугарија, Молдавија и Албанија. Дистрибуира козметички и парфемски брендови од групацијата „Лореал", како и други светски познати брендови, како што се Calvin Klein, Cerruti, Azzara, Chloe, La Prairie, Sensai, Joop, Cartier, Collistar, Davidoff, Bvlgari...
Преземањето е формализирано на крајот на јануари, а веста за „Јутарњи лист" ja потврди сопственикот на „Орбико", Бранко Роглиќ.
Ја презедовме групацијата „Еверет", еден од најголемите дистрибутери на парфеми и козметика во регионот. Станува збор за втора по големина дистрибутерска компанија на козметички производи на подрачјата каде што работиме ние. По големина се веднаш зад нас. Сега ни претстои преземање на работењето и спојување со нашите компании во земјите во кои работеше групацијата „Еверет". Со преземањето ги добивме нивните брендови што не ги дистрибуиравме ние и секако дека тоа ќе има синергиски ефект. Дистрибуцијата досега беше паралелна, така што во некои работи се поклопувавме на пазарот, иако застапувавме различни брендови, истакна Роглиќ.
Тој вели дека сега почнува консолидацијата на групацијата „Еверет" со компанијата „Орбико бјути", која е дел од групацијата „Орбико". Со тоа уделот на козметиката во приходите на „Орбико" оваа година ќе надмине 200 милиони евра.
Што се однесува до работењето, во претстојниот период ќе го одвоиме „Орбико бјути" од „Орбико", вели Роглиќ. „Орбико бјути"дистрибуира водечки брендови од секторот селективна козметика, во пет групи на производи: престижни, селективни и лајфстајл брендови, т.н. обоена козметика и природна козметика.
„Орбико бјути" почна да отвора малопродажни објекти за козметика, при што има отворено во Сплит, Риека и Белград, а според изјавата на Роглиќ, ширењето ќе го продолжат и во Загреб и во Љубљана.