
Цените на путерот во БИХ, како и во регионот и во Европа, забрзано растат, додека опаѓа производството на млеко.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Цените на путерот во БИХ, како и во регионот и во Европа, забрзано растат, додека опаѓа производството на млеко.
Имено, во јули минатата година цената на 250 гр. путер од хрватски производител изнесуваше 3,95 КМ, додека овој месец цената порасна на 4,95 КМ.
Цените на пакувањето на путерот од 250 гр. произведен во БИХ, се движат од пет до шест конвертабилни марки. Како што опаѓа производството на млеко, така ќе расте и цената на путерот. Нема најави дали ќе се зголеми производството на млеко, ниту на путерот затоа што многу од производителите во Европа се затвораат. Многу ниските цени на суровото млеко затвори многу фарми и сега доаѓа до пораст на цената на млекото и на путерот, поради недостиг, рече Владимир Усорац, претседател на Здружението на земјоделски производители - млекарници.
Тој истакнува дека во последно време цената на суровото млеко е двојно повисока во Европа, од 20 до 40 центи.
Од Здружението на потрошувачи „Дон", истакнуваат дека во Хрватска на пакувањата на путерите додадени се кодови, за да не се краде овој производ.