
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Како понудувачи на апсолутно највисоко ниво на квалитет, српските граѓани ги гледаат брендовите: Moja Kravica (категорија: млеко), Nescafé (категорија: инстант-кафе), Nectar (категорија: овошни сокови), Minaqua (категорија: газирана вода) i Nivea (категорија: крем за лице). Ова се резултатите од првото српско истражување QUDAL - QUality meDAL – DEEPMA, коешто во јули годинава го спроведе швајцарската организација ICERTIAS - International Certification Association GmbH со седиште во Цирих, по пат на веб-анкета на примерок од 1.200 српски граѓани, корисници на интернет, постари од 15 години.
Како понудувачи на апсолутно највисоко ниво на квалитет, српските граѓани ги гледаат брендовите: Moja Kravica (категорија: млеко), Nescafé (категорија: инстант-кафе), Nectar (категорија: овошни сокови), Minaqua (категорија: газирана вода) i Nivea (категорија: крем за лице). Ова се резултатите од првото српско истражување QUDAL - QUality meDAL – DEEPMA, коешто во јули годинава го спроведе швајцарската организација ICERTIAS - International Certification Association GmbH со седиште во Цирих, по пат на веб-анкета на примерок од 1.200 српски граѓани, корисници на интернет, постари од 15 години.
Целокупното истражување QUDAL во Република Србија опфати повеќе од 100 комерцијални и некомерцијални категории (на пример, најквалитетно млеко, најквалитетен автомобил, најквалитетен домашен пејач итн.). Како што нагласуваат од ICERTIAS, QUDAL-истражувањата сакаат да го популаризираат квалитетот и неговата важност. Со проектот QUDAL сакаме да го свртиме вниманието на потрошувачите кон тоа дека имаат целосно право да живеат поквалитетно и да бараат на пазарот повисок квалитет за своите пари. Правото на квалитет и на поквалитетен живот е особено актуелно денес, во економското опкружување со исклучително големи барања, заклучуваат во швајцарскиот ICERTIAS.
Српските граѓани и граѓанки во рамки на истражувањето се испитувани што би купувале и што би користеле кога при купувањето парите не би биле апсолутно никаков проблем и ако при одлуката за купување и консумација водат сметка само за квалитетот.
Истражувањето QUDAL на овој начин дава една сосема нова слика на Србија и на српскиот пазар и ги открива размислувањата на српските граѓани за вредностите и квалитетот што им се достапни на кој начин ги препознаваат и вреднуваат. Истражувањето не ги мери ни пазарните удели (продажбата), ни силата на некој бренд, туку само искуството и мислењето на потрошувачите за тоа кој производ во одредена категорија им нуди највисоко ниво на квалитет во нивната земја.
На кој начин размислуваат српските граѓани кога станува збор за врвен квалитет, можеби најдобро говори категоријата „семеен автомобил". На српските граѓани за оваа категорија им е поставено следново прашање: Наведете име на произведувач, односно понудувач на семејни автомобили, кој според вашето лично искуство и мислење нуди апсолутно највисоко ниво на квалитет на српскиот пазар. Најголем број анкетирани на ова прашае одговориле: Мерцедес.
| Методологија и примерок Истражувањето QUDAL - QUality meDAL – Srbija 2014/2015 (www.qudal.com) го спроведе швајцарската куќа ICERTIAS - International Certification Association GmbH (www.icertias.com) на подрачјето на Република Србија во текот на јули 2014 година, по пат на веб-анкета, според методот CAWI - DEEPMA (Computer Assisted Web Interviewing - Deep Mind Awareness). Во истражувањето учествуваа 1.200 граѓани на Србија, постари од 15 години и што користат интернет. Анкетата ја опфати целокупната територија на Република Србија. |
| За проектот QUDAL QUDAL - QUality meDAL (www.qudal.com) е проект на швајцарската куќа ICERTIAS - International Certification Association GmbH (www.icertias.com). Со проектот QUDAL се истражуваат и наградуваат субјектите (производи, услуги, медиуми, јавни личности, културни и спортски содржини и др.) што на одредена територија нудат највисоко ниво на квалитет – според мислењето на граѓаните, односно на потрошувачите. Целта на проектот е да се сврти вниманието на јавноста кон важноста на квалитетот во секојдневниот избор и правото на граѓаните на врвно ниво на квалитет, како и да им овозможи на потрошувачите последно снаоѓање и лесно пронаоѓање на најквалитетните производи и услуги на пазарот. истражувањата QUDAL - QUality meDAL се спроведуваат целосно во склад со одредбите на Меѓународната трговска комора (ICC) и Светското здружение на истражувачки експерти (ESOMAR). |