
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компаниите „Бамби“, „Имлек“, и „Књаз Милош“ објавија дека, по успешно завршената јавна понуда и комплетирањето на процесот на преземање, добија нови сопственици – инвестицискиот фонд „Мид Европа партнерс“ од Лондон, заедно со коинвеститорите.
Компаниите „Бамби", „Имлек", и „Књаз Милош" објавија дека, по успешно завршената јавна понуда и комплетирањето на процесот на преземање, добија нови сопственици – инвестицискиот фонд „Мид Европа партнерс" од Лондон, заедно со коинвеститорите.
„Мид Европа партнерс" е најголемиот инвестициски фонд во Централна и Источна Европа, со големо искуство во развој на работењето на компаниите во кои инвестира и ќе претставува значителна поддршка за нивниот понатамошен развој. Во својот инвестициски тим, „Мид Европа партнерс" ги има ЕБОР, како и Андреј Јовановиќ, кој во тимот се приклучи како инвеститор и локален партнер, се наведува во соопштението.
Раководењето со групацијата му е доверено на Андреј Јовановиќ (на сликата), кој поседува повеќегодишно искуство во остварување на врвни деловни резултати. Новиот тим предводен од Јовановиќ ги вклучува и водечките менаџери во Србија: Илија Штека („Имлек"), Бојан Радун („Бамби"), и Милош Стојисављевиќ („Књаз Милош").
Многу сум задоволен со фактот што промената на сопствеништвото значи соединување на водечките инвеститори и финансиски институции, брендови и менаџмент – сите ресурси под еден покрив, што претставува предност. Менаџерскиот тим има одлична можност, но и голема одговорност, со укажаната поддршка и доверба од сопствениците, да продолжи да ги развива нашите најголеми брендови. Нашата намера е преку овој уникатен тим, почнувајќи од врвот и сопственикот, преку менаџментот па сè до производствените линии и полиците каде што се наоѓаат нашите производи, да понудиме подобар квалитет и да продолжиме со работењето во Србија и во регионот, истакна извршниот директор на групацијата, Андреј Јовановиќ.