
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Акционерите во „Подравка“ на Главното собрание ги усвоија предлог-одлуките на Управата и Надзорниот одбор насочени кон развојот на „Подравка“ како модерно акционерско друштво и создавање претпоставки за докапитализација на Друштвото, задоволувајќи ги порастот и понатамошна интернационализација на работењето, соопштено е од компанијата.
Акционерите во „Подравка" на Главното собрание ги усвоија предлог-одлуките на Управата и Надзорниот одбор насочени кон развојот на „Подравка" како модерно акционерско друштво и создавање претпоставки за докапитализација на Друштвото, задоволувајќи ги порастот и понатамошна интернационализација на работењето, соопштено е од компанијата.

Во согласност со одлуките и измените во статутот, државата повеќе нема можност за непосредно именување на два члена на Надзорниот одбор, туку сите членови ќе се бираат на Главното собрание, со што сите акционери се ставени во рамноправна позиција во изборот на осумтте членови на Надзорниот одбор, додека едно место, врз основа на важечкиот закон, останува слободно за работничкиот претставник. На овој начин се намалува управувачкото влијание на државата со што се прави чекор напред кон веќе најавениот развој на „Подравка" како модерно акционерско друштво во кое сите акционери се во рамноправна положба, истакнуваат од компанијата. Мандатот им се продолжува на именуваните членови на надзорниот одбор, Матo Црквенaц и Иво Дружиќ.
Со усвоените одлуки за измените на Статутот ќе се создадат и формални претпоставки за побрзо спроведување на можната докапитализација на друштвото, така што Управата во согласност со Надзорниот одбор ќе може да донесе одлука за докапитализација на друштвото во износ до половина од основниот капитал, што поволно ќе влијае на свежиот капитал за финансирање на порастот на компанијата.
Промените во работењето што во моментот ги воведува „Подравка" се темелат на анализите за состојбата на компанијата. Ослободувањето на внатрешниот потенцијал и зголемувањето на ефикасноста претставува нужност и одговорност за сите нас кои сакаме да го осигураме долгорочниот пораст и развој на работењето на „Подравка". Време е да погледнеме во иднината, да ја подготвиме „Подравка" за новите чекори кон постигнувањето на најдобрите ефикасности. Веруваме дека токму 2013 година е големата пресвртница во животниот век на „Подравка" што по деценија од стагнацијата има нов почеток во ефикасното работење и потполна интернационализација, истакна Звонимир Мршиќ, претседател на Управата на „Подравка".