
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Комисијата за заштита на конкуренцијата ја одобри концентрацијата настаната од стекнувањето контрола на холандското друштво „Адријатик бидко“ над групацијата „Данубе фудс“ и „Клејтс холдинг“, со што се стекнува контрола над нивните зависни друштва, меѓу кои се и „Бамби“, „Имлек“, „Млекара Суботица“ и „Књаз Милош“, објавено е на сајтот на Комисијата.
Комисијата за заштита на конкуренцијата ја одобри концентрацијата настаната од стекнувањето контрола на холандското друштво „Адријатик бидко" над групацијата „Данубе фудс" и „Клејтс холдинг", со што се стекнува контрола над нивните зависни друштва, меѓу кои се и „Бамби", „Имлек", „Млекара Суботица" и „Књаз Милош", објавено е на сајтот на Комисијата.
Купувачот е под контрола на инвестицискиот фонд „Мид Европа 4 менаџмент лимитид", како краен, генерален партнер на фондовите „Мид Европа 4 ЛП" и „Мид Европа 4 А ЛП".
Како што се соопштува, по налог на Комисијата купувачот се изјасни дека друштвото ниту останатите поврзани учесници на пазарот, а тоа се гореспоменатите фондови, немаат зависни друштва и не се присутни во прометот на стоки и услуги на кој било начин, ниту во Србија ниту во државите потписнички на ЦЕФТА и на територијата на членките на Европската Унија.
Од утврденото произлегува дека имателот на контрола, досега не бил присутен во ниту еден сегмент во Србија и во регионот, така што со спроведувањето на оваа концентрација нема да дојде до промени или до зголемување на пазарниот удел, а со тоа и до значителни промени во структурата на утврдените релевантни пазари, ниту пак учесниците во концентрацијата ќе стекнат предност на кој било пазар, соопшти Комисијата.
Со ова е заклучено дека со спроведувањето на оваа концентрација не доаѓа до значително ограничување, нарушување или спречување на конкуренцијата, пред сè во создавање или јакнење на доминантната положба.