
Комисијата за заштита на конкуренцијата ѝ одобри на „Соко Штарк“, компанија дел од мултинационалната „Атлантик група“, формално да ја преземе прехранбената фирма „Фудленд“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Комисијата за заштита на конкуренцијата ѝ одобри на „Соко Штарк", компанија дел од мултинационалната „Атлантик група", формално да ја преземе прехранбената фирма „Фудленд".
Како што се наведува во решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата, концентрацијата која ќе се случи со спојувањето на овие две прехранбени компании не доведува до значајно спречување, ограничување или нарушување на конкуренцијата на српскиот национален пазар или на некој негов дел, а особено до создавање или јакнење на доминатната положба.
Комисијата ова го потврдила врз основа на анализа на пазарот на производство и продажба на производи од пиперка (ајвар, зиминица и слично), на пазарот на производство и продажба на џемови, пекмез и други овошни намази и пазарот на производство и продажба на слатки и овошни сокови и сирупи.
„Соко Штарк" мораше да ја пријави концентрацијата, бидејќи сопственикот на оваа компанија, „Атлантик група", во 2013 година оствари вкупни приходи кои повеќекратно ги надминуваат финансиските прагови кои пак, претставуваат услов за постоење на обврски за пријава на концентрацијата.
На 12 ноември 2014 година „Атлантик група" потпиша договор за целосно преземање на компанијата „Фудленд" со седиште во Белград и производствените погони во подножјето на Копаоник.
Асортиманот на „Фудленд" е присутен во повеќе од 20 земји, околу третина од вкупното производство се извезува на пазарите надвор од регионот.