
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Фондот за развој на Р. Србија на компанијата „Агрожив“ од Житишта ѝ одобри кредитен аранжман во износ од пет милиони евра, со што се создадени услови за непречено функционирање на компанијата до крајот на 2013 година и за пронаоѓање на стратешки партенр.
Фондот за развој на Р. Србија на компанијата „Агрожив" од Житишта ѝ одобри кредитен аранжман во износ од пет милиони евра, со што се создадени услови за непречено функционирање на компанијата до крајот на 2013 година и за пронаоѓање на стратешки партенр.
Оваа недела, на седницата на Владата на Србија, ќе биде донесен заклучок, со што државата гарантира реализација на кредитниот аранжман и тие средства ќе бидат од исклучително значење за претпријатието, рече директорот на „Агрожив", Предраг Амаџиќ.
До тешката ситуација на компанијата е дојдено, како што додаде Амиџиќ, поради прекин во обезбедувањето на обртниот капитал, во октомври минатата година.
Обртниот капитал во текот на 2011 и 2012 година го обезбедивме преку позајмица од јавното претпријатие „Србијагас". Тој модел е запрен и не можевме да работиме со банките, така што остана за обртниот капитал да ѝ се обратиме на државата, за компанијата да продолжи непречено да живее и да работи до пронаоѓањето на стратешки партнер, објасни Амиџиќ.