
Српската антимонополска агенција ќе донесе конечна одлука за концентрацијата на „Меркатор“ и „Агрокор“ најдоцна до 3 јануари 2014 година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Српската антимонополска агенција ќе донесе конечна одлука за концентрацијата на „Меркатор" и „Агрокор" најдоцна до 3 јануари 2014 година.
Според Законот за спречување на ограничувањето на конкуренцијата, поставен е услов некои од објектите да бидат продадени, затворени или да се пренаменат, бидејќи е утврдено дека здружувањето на „Меркатор" и „Агрокор" во одредени градови резултирало со голем пазарен удел. Слична е и одлуката на Агенцијата за пазарно натпреварување, AZTN во Хрватска, каде што неодамна почна втората фаза на оцена на концентрацијата.
Да потсетиме, Агенцијата за заштита на конкуренцијата на Словенија веќе го одобри конечното спојување на „Агрокор" и „Меркатор".