
Компанијата „Зденка-млечни производи“ членка на „Гранолио груп“, со години наназад нема постигнато позитивни резултати какви што забележа во првите четири месеци од оваа година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Зденка-млечни производи" членка на „Гранолио груп", со години наназад нема постигнато позитивни резултати какви што забележа во првите четири месеци од оваа година.
Порастот на продажбата што компанијата го оствари во сите сегменти на производство резултираше со пораст на приходите за 22 отсто во однос на првиот квартал од минатата година. Истовремено е остварен профит од околу 82 илјади евра, во споредба со минатата година кога компанијата работеше со загуба.
Од финансискиот извештај на „Гранолио груп" се забележува дека профитот на „Зденка" е остварен благодарение на пониските набавни цени на млекото на пазарите. Воедно, се наведува дека вкупните трошоци се зголемени за само 11 отсто, иако е зголемено вкупното количество на произведена стока, а влезот на млекото е зголемен за 53 отсто.
Од друга страна, пониската откупна цена на млекото ја доведе во загуба Зденачката фарма, компанија што исто така е во состав на „Гранолио груп". Оваа фарма, чиј главен купувач е „Зденка-млечни производи", профитот од првиот квартал минатата година од околу 66 илјади евра во овој квартал го претвори загуба од речиси 132 илјади евра.