
Министерот Шаровиќ потврди дека од утре, млекото и млечните производи од БиХ ќе може да се извезуваат во земјите на Европската унија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Европската комисија го отфрли приговорот на Хрватска за сместување на БиХ на позитивната листа за извоз на млеко и млечни производи во ЕУ, потврди Мирко Шаровиќ, заменик-претседател на Советот за министри и министер за надворешна трговија и економски односи на БиХ.
Шаровиќ потврди дека тоа значи дека од утре, млекото и млечните производи од БиХ ќе може да се извезуваат во земјите на Европската унија. Ова е доказ дека бевме во право, со оглед тоа што барањето на Хрватска немаше основа, а БиХ ги исполни условите за извоз на млеко, вели тој.
Имено, еден ден пред да стапи на сила одлуката за извоз на млеко и млечни производи во ЕУ, Хрватска поднесе приговор, по што официјални лица од БиХ побараа реакција од ЕУ.
Млекарниците кои имаат дозвола за извоз во Европската унија се: „Милкос" – Сараево, „Млјекара Ливно" – Ливно, „Мегле" – Бихаќ и „Млијекопродукт" – Козарска Дубица.