
Бербата на сортата грозје кардинал почна од половината на јули и покрај екстремните високи температури, кои владееа во Подгорица во последните неколку недели, дневно се берат од педесет до шеесет илјади килограми.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Бербата на сортата грозје кардинал почна од половината на јули и покрај екстремните високи температури, кои владееа во Подгорица во последните неколку недели, дневно се берат од педесет до шеесет илјади килограми.
Водечката сорта Кардинал, ја береме сега, по неа ќе се берат рибијер, ред глоб, а бербата ќе заврши со мускат. Во рамките на водечките трпезни сорти имаме и некои други што не се од големо комерцијално значење, изјави директорот на лозарско-овоштарското производство во „Плантаже", Душко Канкараш.
Како што потенцираше тој, планот за оваа година е многу амбициозен.
Се обврзавме да произведеме повеќе од 2,1 милиони килограми грозје и првите резултати покажуваат дека треба да бидеме задоволни. Иако е неблагодарно да се прогнозира, бидејќи е почеток на сезоната, се надеваме дека ќе го исполниме планот и дека ова ќе биде добра година во поглед на бербата, објасни Канкараш.
Оваа компанија минатите години трпезното грозје го пласираше на три пазари и тоа нешто повеќе од третина се пласираше во Црна Гора, третина во Србија, а третина на пазарите Косово, БиХ и Хрватска.