
Во село Долно Трново, во близина на Ниш, на 1 септември ќе биде отворен погон за преработка на индустрискиот домат, сопственост на Адонис Ладас од Грција.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во село Долно Трново, во близина на Ниш, на 1 септември ќе биде отворен погон за преработка на индустрискиот домат, сопственост на Адонис Ладас од Грција.
Инвестицијата изнесува 2 милиона евра. Во првата година, како што е планирано, ќе бидат ангажирани 50 работници и околу 200 кооперанти за производство на индустриски домат, а кон крајот на третата година ќе бидат ангажирани од 150 до 600 кооперанти. За почеток, се очекува производство од 20.000 тони доматно пире и кечап, а подоцна се очекува годишно производство од 60.000 тони, што ќе се извезува во Европа, пренесува „Новости".
Според стручните лица се проценува дека од еден хектар под индустриско производство на домати може да се остварат 5.500 евра, а кога ќе се одбијат сите вложувања во производство и примена на агротехнички мерки, на кооперантите им останува заработка од 3.000 евра.