
Реалната стапка на пораст на домашниот бруто-производ во Босна и Херцеговина во 2013 година изнесуваше 1,5%, а оваа година би можела да достигн 2,4%, проценува Централната банка во Сараево.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Реалната стапка на пораст на домашниот бруто-производ во Босна и Херцеговина во 2013 година изнесуваше 1,5%, а оваа година би можела да достигн 2,4%, проценува Централната банка во Сараево.
Иако годината не почна како што очекувавме, мислиме дека проектираната стапка на пораст на БДП сепак може да се достигне, изјави гувернерот на Централната банка на БиХ, Кемал Козариќ, објаснувајќи дека оптимистичните прогнози се темелат на очекуваното производство на струја, храна и дрвната индустрија.
Стапката на пораст на индустриското производство минатата година стигна 6,4%, иако една година порано дури беше и во „минус", и тоа за 5,2%, пренесе порталот Biznis.hr.
Инфлација во БиХ, каде што конвертибилната марка е врзана за еврото со фиксен курс, според официјалната статистика нема, односно постои дури минимална дефлација, а просечната плата минатата година изнесувала 428 евра, со реален пораст од 1,45% на годишно ниво.
Во Централната банка на Бих нагласуваат и дека девизните резерви на земјата се зголемени до 3,6 милијарди евра.
Останатите макроекономски показатели, пак, укажуваат и на негативни трендови, а највоочлив е порастот на задолженоста на земјата, иако таа е значително помала во однос на Хрватска и Србија. Така, надворешниот долг на БиХ минатата година пораснал на 3,78 милијарди евра и во однос на 2008 година е удвоен.
Во 2013 година е забележан прилив од 244 милиони евра во вид на директни странски инвестиции, што е само третина од износот од 2008 година. Невработеноста од 27,5% останува голем проблем во БиХ.