
Производството во српската пиварница БИП е обновено, откако македонската компанија „М6-еден“ почна техничка соработка со таа фабрика.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Производството во српската пиварница БИП е обновено, откако македонската компанија „М6-еден" почна техничка соработка со таа фабрика, објавија српските медиуми.

Се очекува до крајот на јули производите на „Београдска индустрија пива" да бидат достапни на потрошувачите во Србија. Во пиварницата се произведуваше пивото BIP, кое со децении беше симбол на српскиот главен град и едно од најпродаваните во регионот.
Пивото ја задржа препознатливата етикета и карактер. Убавиот изглед, добиот вкус и мирисот на слад и хмељ, кои ѝ останаа верни на традицијата, се постигнуваат со произведство по најсовремена технологија, изјави Александар Поповски, директор на „М6-еден" – Србија.
Тој наведе дека во соработка со партнерите БИП, пивото повторно ќе биде достапно во поголемиот дел на пазарот на Србија, а до крајот на годината, и на пазарите во регионот.
Свесни дека BIP не е обичен бренд, туку и симбол на едно општество и време, на кое многумина се сеќаваат. Нашата желба е таа емоција повторно да ја оживееме и да му ги вратиме позицијата и значењето на BIP, што ги заслужува, истакна Поповски.