
Четвртиот во низата на објекти на „Меркатор“ со новиот „соседски формат“ се отвори во Љубљана.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Четвртиот во низата на објекти на „Меркатор" со новиот „соседски формат" се отвори во Љубљана.
Бидејќи соседските продавници се најважни по бројот на единици и бројот на купувачи, поради својата добра локација и широкото регионално покривање, подготвивме редефинирање на концептот на продажниот формат. Тоа е така за да се прилагодиме на микро-опкружувањето и најглавно, на потрошувачите, нивните купувачки навики и потреби, изјави за магазинот InStore Мојца Ребол, проектен менаџер за развој на продажни формати во „Меркатор".
Како што наведуваат од „Меркатор", нивната понуда се базира на пет основни точки. Тоа се свежите производи, понудата на готови јадења, поголемата понуда на пакувани свежи производи, интеграција на т.н. понуда „Grab&go", како и интеграција на самопослужните каси „Tik-tak", на кои потрошувачите можат сами да го спроведат купувањето.