
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
По тригодишниот прекин поради стечај, ќе биде обновено работењето на млекарницата „Валета“ во Вучковица, со дневна преработка од 20.000 литри млеко. Новите сопственици одлучија во програмата да опфатат само два артикла – сирењата фета и моцарела. Комплетното производство ќе биде пласирано на пазарите во Русија, Белорусија и Казахстан, пишува „Политика“.
По тригодишниот прекин поради стечај, ќе биде обновено работењето на млекарницата „Валета" во Вучковица, со дневна преработка од 20.000 литри млеко. Новите сопственици одлучија во програмата да опфатат само два артикла – сирењата фета и моцарела. Комплетното производство ќе биде пласирано на пазарите во Русија, Белорусија и Казахстан, пишува „Политика".
Од 15 јули оваа година „Валета" е во сопствеништво на „Микро финанс" од Русија. На Русите оваа млекарница им е продадена како правно лице, што значи дека ќе го задржи името „Валета". Купопродажната цена достигна 27,2 милиони динари.
За почнување со производството во фабриката вложивме вкупно 120 милиони динари. Девет милиони, се вложени во нова котларница, потоа за набавка на нови возила, за амбалажа, обезбедување на вода и сл. што е неопходно за почнување со работата. Проценивме дека обновата на работата има големо значење за доставувачите на амбалажи и други стоки и услуги, со коишто склучивме договори, рече Ненад Ќиро од „Микро финанс".
Засега вработени се 11 луѓе и тој број веројатно ќе се искачи на 30, со проширувањето на работата, бидејќи „Валета" може да преработи 50.000 литри млеко секој ден.
| За компанијата„Валета" е една од најсовремените млекарници во овој дел на Србија, која е изградена во 2002 година и во која производството е поставено според европските стандарди. Млекарницата ја изгради Никола Мијатовиќ, во која вложи три милиони динари. Дневниот преработувачки капацитет на млекарницата е 50.000 литри млеко, а производствениот асортиман опфаќаше осум видови сирење, јогурт и сутлијаш. |