
„Јамница“, „Ледо“ и „Звијезда“ минатата година ја завршија со остварена добивка, додека „Белје“ и „Вупик“ работеа со загуба, покажуваат податоците од деловниот извештај на компаниите што се во состовот на „Агрокор“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Јамница", „Ледо" и „Звијезда" минатата година ја завршија со остварена добивка, додека „Белје" и „Вупик" работеа со загуба, покажуваат податоците од деловниот извештај на компаниите што се во состовот на „Агрокор".
Консолидираниот извештај на „Јамница" покажува дека компанијата, минатата година, ја завршила со добивка од околу 36,4 милиони евра, што е пораст од 33 отсто во споредба со 2014 година. Во 2015 година „Јамница" оствари вкупен приход од 375,05 милиони евра, што е пораст од 60 отсто во споредба со 2014 година. На порастот на вкупните приходи и расходи влијаеше аквизицијата на „Рото динамик" и „Агрокор" – Загреб.
„Ледо груп" минатата година оствари добивка пред оданочување од 41,5 милиони евра, што е пораст од 82 отсто во споредба со претходната година. Како што соопштуваат од управата на компанијата, тоа е резултат од оптимизацијата на деловните процеси со акцент на производство и набавка, остварување синергија во групацијата, системско управување со трошоците и продажните и маркетиншки активности. Вкупните приходи на „Ледо груп" изнесуваат 310,6 милиони евра, што се за 13,2 отсто поголеми од 2014 година.
Компанијата „Звијезда", според консолидираниот извештај, работеше со добивка од околу 3,2 милиони евра, што е пораст од 39,5 отсто. Од компанијата истакнуваат дека во 2015 година се инвестирани околу 1,5 милиони евра, од кои најзначајни се вложувањата во модернизација на производството на мајонез, како и проектот ЦРМ.
Намалена загуба
Резултатите од работењето на „Белје" во минатата година покажуваат загуба од околу 8,2 милиони евра, со што е намалена загубата од 2014 година, за 66 отсто. Вкупните приходи се намалени за 15 отсто, односно на 219,7 милиони евра.
Според податоците од извештајот на „Вупик", минатата година компанијата ја заврши со загуба од 1,4 милиони евра, во споредба со 2014 година, кога таа изнесувала 3,2 милиони евра.