
„Јагодинска пивара“ повторно е понудена на продажба, откако на претходното наддавање, одржано кон крајот на октомври 2017 година, немаше заинтересирани купувачи.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Јагодинска пивара" повторно е понудена на продажба, откако на претходното наддавање, одржано кон крајот на октомври 2017 година, немаше заинтересирани купувачи.
Цената на фабриката за слад, пиво, квасец и безалкохолни пијалаци останува иста - 355,5 милиони динари, а дали ќе добие нов сопственик ќе се дознае кон почетокот на наредниот месец.
Агенцијата за лиценцирање на стечајни управници во Србија го закажа наддавањето за 8 февруари годинава.
Продажбата на „Јагодинска пивара" е огласена врз основа на решението за банкрот донесено од Стопанскиот суд во Крагуевац. Во најважниот имот на стечајниот должник спаѓа деловниот комплекс во Јагодина, односно 41 објект во кругот на фабриката, складиштата во Ниш, Крушевац и Пожаревац, опремата на пиварницата и побарувањата.
„Јагодинска пивара" е основана во 1852 година, додека стечајот е воведен во март 2016 година.