
Логистичко-дистрибутивниот центар на компанијата „НТЦ Логистикс“, вреден околу три милиони евра, отворен е кон средината на декември, во Никшиќ.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Логистичко-дистрибутивниот центар на компанијата „НТЦ Логистикс", вреден околу три милиони евра, отворен е кон средината на декември, во Никшиќ.
Според зборовите на сопственикот Ранко Јововиќ, ова е еден од најголемите проекти што компанијата ги имала досега.
Со оглед на тоа што користевме најсовремени решенија за да добиеме технолошки модерен и современ логистичко-дистрибутивен центар што ќе биде во согласност со светските трендови, крајниот резултат ќе има исклучително позитивни ефекти во подобрување на деловниот амбиент на нашиот град. Ќе се создадат можности за дополнителни вработувања и усовршување на постоечките кадри, ќе се овозможи полесен проток на стока и намалување на трошоците, ќе се зголемат шансите за достапност на локалните производи и ќе се создаде примамлив делевон услов за уште поголем поттик за инвестирање, изјави Јововиќ.
Капацитетот за складирање е со површина од 6.300 м², поседува 8.000 палетни места, а вработување ќе добијат околу 50 работници. Центарот е изграден според најсовремените стандарди, а обезбедувањето е подигнато на највисоко ниво.