
Новиот правилник ќе го подигне нивото на заштита на здравјето и интересите на потрошувачите, ќе го осигури правото за јасно информирање без можности за измама и ќе овозможи унифицирање на прописите во означувањето на храната.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Новиот правилник ќе го подигне нивото на заштита на здравјето и интересите на потрошувачите, ќе го осигури правото за јасно информирање без можности за измама и ќе овозможи унифицирање на прописите во означувањето на храната.
Правилникот треба да создаде информациски темел што на потрошувачите ќе им овозможи изор на храна во согласност со нивните потреби. Првото нешто што ќе го забележат потрошувачите е зголемениот фонт на букви што треба да бидат со минимална големина од 1,2 милиметри. Во новиот правилник ќе треба посебно да се истакнуваат 14. алергени, така што нивното присуство во храната мора визуелно да се истакне со поинаков фонт.
Новина е и нутритивното декларирање кое ќе биде обврзувачко од 13 декември 2016 година, а храната на која стои прехранбеното и здравственото тврдење, отсега мора да има нутритивна декларација, информации за хранливата вредност и пресметана енергетска вредност, како и точно присуство на витамини и минерали.
Обврска што стапува на сила на 1 април 2015 година е истакнување на податоците за потекло на свежо, разладено и смрзнато овчо, козјо и свинско месо и живина.
Слични обврски и одговорности за декларирање на храната ќе важат и за прехранбени производи што се продаваат преку интернет.