
Чаевите 1001 CVET на словенечката компанија „Жито“, најпродаваните чаеви на словенечкиот пазар, на полиците во супермаркетите ќе ги пречекаат купувачите во ново, редизајнирано пакување.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Чаевите 1001 CVET на словенечката компанија „Жито", најпродаваните чаеви на словенечкиот пазар, на полиците во супермаркетите ќе ги пречекаат купувачите во ново, редизајнирано пакување, нови филтер-вреќички и ароматизирани обвивки за филтер-вреќичките.
Како што соопшти компанијата, чаевите 1001 CVET ќе бидат пакувани во еколошка кутија, со модерен изглед, која го штити производот од надворешните влијанија, а новини има и во препознатливото лого, чиј нов изглед ги поврзува трговската марка со традицијата и природата.
Со новите филтер вреќички се зачувуваат вкусовите и мирисите на состојките до моментот на приготвување на чајот и со тоа го продолжува рокот на употреба, откриваат од „Жито".
Како што велат од компанијата, новата при изработката на новата амбалажа внимавале да биде практична, згодна за разчични ситуации во движење. Редизајнирани се и имињата на производите, кои ги нагласуваат вкусот и видот на чајот.