
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Во пресрет на јубилејот на фабриката „Хенкел Цересит“, отворена во 2007 година во Инѓија, одржана е конференција за медиуми каде е претставен новиот директор на деловниот сектор адхезивни технологии, во „Хенкел“ – Србија, Предраг Армуш.
Во пресрет на јубилејот на фабриката „Хенкел Цересит", отворена во 2007 година во Инѓија, одржана е конференција за медиуми каде е претставен новиот директор на деловниот сектор адхезивни технологии во „Хенкел" – Србија, Предраг Армуш.

Осврнувајќи се на успешното работење и резултатите на фабриката во текот на изминатиот период, Армуш, кој на новата функција доаѓа од местото – генерален директор на „Хенкел" БИХ, истакна дека е големо значењето на фабриката која годишно произведува повеќе од 100.000 тони градежни лепаци за шест пазари во регионот, со повеќе од 23 милиони жители.
Учесниците на конференцијата во Инѓија имаа можност да ја разгледаат фабриката за лепаци и течни малтери каде се применува најсовремена технологија за производство. По повод десет години работење, јубилеј што се одбележува наредната година, од фабриката најавија и два нови производи од асортиманот на Ceresit.
Задоволството е големо со оглед на тоа што речиси десет години успеваме да излеземе во пресрет на очекувањата и потребите на нашите потрошувачи, нудејќи им постојани иновации на производите и применувајќи најсовремени технолошки решенија со врвниот квалитет на Ceresit, истакна Армуш.
| „Хенкел" ја награди новинарката од InStore Претставниците на медиумите имаа можност, на конференцијата во Инѓија, да ја искажат својата креативност и да дадат предлог за идеална фасада со примена на расположливите материјали на Ceresit. Со помош на апликацијата „Ceresit Facade Designer" осмислија идеален изглед на фасада со помош на 3Д визуализација на куќа. По изборот на жирито, нашата колешка Војислава Пешиќ, како награда доби фасаден материјал Ceresit во вредност од 1.500 евра. |