
Регионалните компании на меѓународниот трговски синџир „Метро кеш & кери“ во Хрватска и во Србија од 1 јули добија ново раководство.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Регионалните компании на меѓународниот трговски синџир „Метро кеш & кери" во Хрватска и во Србија од 1 јули добија ново раководство.
Холанѓанката Кристина Јохансон доаѓа на позицијата нов генерален директор на „Метро кеш & кери" – Србија, откако нејзиниот претходник, Роберто Манкусо, беше избран за претседател на управниот одбор на „Метро кеш & кери" во Хрватска.
Јохансон има долгогодишно искуство во областа на стратешкиот развој на глобални компании, а во тимот на „Метро" е од октомври 2016, каде што дојде со долгогодишно искуство стекнато на раководни позиции во компанијата „ИКЕА".
Роберто Манкусо кариерата во „Метро кеш & кери" ја почнал во 2001 година во Италија, а пред доаѓањето во Хрватска работел на пет различни раководни позиции во компанијата во пет земји Неговиот предизвик во Хрватска ќе биде да го раководи тимот што ќе ја трансформира „Метро кеш & кери" – Хрватска во партнер од прв избор за професионални купувачи, со фокус на хорека-секторот и независните трговци.
Во текот на изминатите две години, „Метро кеш & кери" – Хрватска успеа да оствари двоцифрен пораст во соработката со хорека-секторот, фокусирајќи се на B2B соработка, преку шест дистрибутивни центри.