
На саемот на водата во Беркли Спрингс, Вирџинија, Tešanjski dijamant го освои четвртото место во категоријата газирани минерални води.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На саемот на водата во Беркли Спрингс, Вирџинија, Tešanjski dijamant го освои четвртото место во категоријата газирани минерални води.
На 25-от натпревар учествуваа повеќе од 100 видови пакувана вода, од различни делови на светот.
Оваа награда го потврдува континуитетот на добрата работа и квалитетот на водата. Не сме случајно на врвот, тоа е големо охрабрување и поттик за понатамошна работа, изјави сопственикот на команијата „Тешањски дијамант", Ибро Омербашиќ.
За најдобра природна вода е прогласена канадската Clearbrook, а во САД, најдобра вода е Santa Ana. Во категоријата пакувани води, златниот медал го освои водата Castle Rock од Канада. Во оваа категорија четвртото место го освои водата Element од Врњачка Бања. Во категоријата газирани минерални води, првото место го освои канадската вода Gold Sparkling. Најдобра амбалажа има корејскиот производител „Халасу".