
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Производителите и увозниците на детергенти во Србија од 1 јуни 2015 г. ќе мораат потполно да ја променат класификацијата на хемикалии според системот ЦЛП , истакна претставничката на Министерството за земјоделство и заштита на животната средина, Бојана Ѓоргевиќ.
Производителите и увозниците на детергенти во Србија од 1 јуни 2015 г. ќе мораат потполно да ја променат класификацијата на хемикалии според системот ЦЛП , истакна претставничката на Министерството за земјоделство и заштита на животната средина, Бојана Ѓоргевиќ.
На семинарот на кој се зборуваше за класификацијата посред потенцијално опасните ефекти на кожата и очите, одржан во Стопанската комора на Србија, Ѓоргевиќ рече дека производите што се наоѓаат во синџирот на снабдувачи нема да се повлекуваат од пазарот до 1 јуни 2017 година.
Според нејзините зборови, Правилникот е усвоен уште во 2013 г. и главно е усогласен со прописите на ЕУ и глобалниот систем на ОН, но ќе треба да се внесат уште некои измени.
Претставничката на Меѓународното здружение за сапуни и детергенти АИСЕ, Венди Камерон порача дека ќе има многу промени во обележувањето и пакувањето, кога ЦЛП ќе стане задолжителен, бидејќи тој предвидува засилување на критериумите.
Таа кажа дека ако некој детергент содржи повеќе од 10% од иритациони состојки ќе биде обележан со Андреин крст, ако има до 10% ќе биде обелеѓан со крстот и со симболот око (опасно за очи), а ако содржината е под 5% нема да има обележувања.
Проблемот е во тоа што со симболот Андреин крст се обележуваат средствата за чистење на одводи, кои се многу надразливи за кожата и имаат амбалажа што тешко се отвора, а со примената на ЦЛП може да се случи и средства за миење садови да се обележат со овој знак, со што потрошувачите можат да се збунат.
Според нејзините зборови, потрошувачите тогаш нема да можат да направат разлика што е опасно, така што класификацијата е од суштинско значење. Камерон истакна и дека при класификацијата претријатијата можат да користат повеќе методи на испитување што се признати во светот, но не е дозволено испитување на луѓе и животни.