
„Валикон“ ја објави листата „Топ 25 регионални брендови“ со најсилните брендови во Јадранскиот Регион за 2016 година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Валикон" ја објави листата „Топ 25 регионални брендови" со најсилните брендови во Јадранскиот Регион за 2016 година.
Новиот лидер на листата е глобалниот бренд Coca-Cola, но забележително е дека речиси половината од брендовите во последното истражување, се брендови со регионално потекло. Во 2015 година резултатот беше 15:10 во корист на глобалните брендови, додека минатата година тој е намелен на 13:12.
Coca-Cola ја замени позицијата со претходниот лидер Milka, кој сега е втор најсилен бренд. Третото место ѝ припадна на Cedevita, која во однос на претходното рангирање, ја замени позицијата со Vegeta. Chipsy, Kiki и Spriteсе новите брендови на листата на најдобрите 25 брендови, а брендови што најмногу напредуваа во 2016 година се Chipsy и Colgate.
Новата листа за Македонија носи и новини. Тоа што остана исто, е лидерската позиција, која и понатаму ја држи паштетата Argeta. На нашиот пазар се забележува еден од најголемите скокови на топ 10 листата – станува збор за пастата за заби Colgate, која веднаш ја зазеде 4. позиција.
Уште една новина на листата на десетте најдобри се хартиените марамчиња Paloma, кои се најдоа на 10. место. Bitolski jogurt имаше скок од пет места и стигна до 2. место, а веднаш по него е новиот регионален лидер Coca-Cola. Бројот на локалните брендови се намали на два – тоа се Bitolski jogurt и Stobi flips. На листата се три регионални брендови (Argeta, Vegetaи Paloma) и дури пет глобални (Coca-Cola, Colgate, Nescaffѐ, Milkaи Orbit). Во Македонија, меѓу десетте најсилни брендови, има најголем број глобални брендови во однос на другите земји од регионот, а помалку локални има само во БИХ.
Како критериум за рангирање на листата на „Валикон" се зема силата на брендот, која се пресметува врз основа на препознавањето, искуството и користењето на брендот во неговата категорија. Од компанијата истакнуваат дека меѓу брендовите на позициите од 3 до 9, постојат мали разлики, што значи дека веќе во листата за 2017 година, ситуацијата меѓу брендовите би можела да се промени.