
Нашите колеги од словенечката редакција, на 14 јули, ја посетија фабриката „Јулиус Мајнл“ во Виена и дознаа некои новости во врска со плановите на компанијата на регионалните пазари.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Нашите колеги од словенечката редакција, на 14 јули, ја посетија фабриката „Јулиус Мајнл" во Виена и дознаа некои новости во врска со плановите на компанијата на регионалните пазари.
Во текот на посетата, домаќините се пофалија дека во Хрватска имаат најголем пазарен удел во сегментот кафе и дека во оваа држава нивното кафе може да се пие во 5.000 угостителски објекти.
На фотографијата: Марчело Лефлер, генерален директор на „Јулиус Мајнл"
Многу сме задоволни oд развојот на регионот, а особено во Хрватска каде што во нашата канцеларија вработени се 100 луѓе. Нашата стратегија е кафето повеќе да се продава во кафулињата, а помалку во трговските синџири. Во моментот ги полниме полиците во Австрија, Русија, Словачка и Романија, но наскоро се очекува на оваа листа да се најде и Хрватска. Не можам да кажам во кој трговски синџир ќе може да се најде кафето, изјави организаторот на посетата во Виена и директор за државите во регионот, Томаж Милич.