
На големото светско оценување Mundus vini во Германија, вината Dingač 50° 2010 и Ivan Dolac Barrique 2008 освоија златни медали, додека виното Korlat Syrah освои сребро.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На големото светско оценување Mundus vini во Германија, вината Dingač 50° 2010 и Ivan Dolac Barrique 2008 освоија златни медали, додека виното Korlat Syrah освои сребро.
Mundus vini е еден од најголемите светски натпревари за вино, каде што се собрани повеќе од 3.000 примероци од благородните капки со потекло од 38 држави. Жири-комисијата на Mundus vini е составена исклучиво од најдобрите светски експерти за вино.
Критериумите за оценување се многу строги, така што златниот сјај на медалите ги добиваат вината со оценка 90,0 – 94,5 и тоа само 40 отсто од најдобрите во таа категорија. Dingač 50° 2010 и Ivan Dolac Barrique 2008 се вина од хрватската сорта Plavac mali.
„Бадел 1862" веќе долги години ги отвора вратите за грандиозен излез на сортата Plavec mali на светската сцена, испраќајќи ги своите вина од оваа сорта на светските оценувања, така што овие вина досега освоија златни медали на престижните оценувања како: Decanteru во Лондон, Vinalies Interanationales Во Париз, Mundusvini (и Mundus vini Bio Fach) во Германија и на International Wine Challenge во Лондон.