
Домашниот трговски синџир „Универекспорт“ вчера отвори уште еден продажен објект во Нови Сад, што се простира на продажна површина од 200 квадратни метри.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Домашниот трговски синџир „Универекспорт" вчера отвори уште еден продажен објект во Нови Сад, што се простира на продажна површина од 200 квадратни метри.
Потрошувачите ќе бидат услужувани на три каси, а асортиманот во продавницата надминува бројка од 3.500, меѓу кои се производи од трговската марка Универекспорт.
Потрошувачите во новиот објект ќе може да посетат одделенија како овошје и зеленчук, месо и сувомеснати производи од домашни фарми, како и леб и печива од производствениот погон на компанијата. Во новиот 37-ми по ред објект се вработени нови 14 луѓе.