
Компанијата „Универекспорт“ на 14 март ќе отвори продавница на новосадскиот СПЕНС, на адресата „Сутјеска“, бр. 2, а за 17 март е најавено отворање продавница во белградската населба Бањица.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Универекспорт" на 14 март ќе отвори продавница на новосадскиот СПЕНС, на адресата „Сутјеска", бр. 2, а за 17 март е најавено отворање продавница во белградската населба Бањица.
Објектот во Нови Сад се простира на продажна површина од 1.500 квадратни метри, а потрошувачите очекуваат повеќе од 10.000 артикли. Продавницата во понудата ќе има и гастрономско одделение, свежо овошје и зеленчук, базени со жива пастрмка, како и одделенија за здрава и органска храна.
„Универекспорт" со отворањето на оваа продавница ќе обезбеди 50 работни места. Инвестицијата е вредна 1,5 милиони евра.
За 17 март е закажано отворањето на продавницата во Белград, на улицата „Црнотравска", бр. 7-9. Инвестицијата е вредна 1,5 милиони евра и ќе обезбеди уште 70 работни места.