
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
По успешното ребрендирање, „Идеа“ продолжува да се шири. На семејството од 103 продавници, во 12 грдови во Црна Гора, му се приклучија уште две продавници: „Идеа“ во „Сити кварт“ во Подгорица, и „Идеа“ на ул „Жртви на фашизмот“ во Будва“.
.jpg>)По успешното ребрендирање, „Идеа" продолжува да се шири. На семејството од 103 продавници, во 12 грдови во Црна Гора, му се приклучија уште две продавници: „Идеа" во „Сити кварт" во Подгорица, и „Идеа" на ул „Жртви на фашизмот" во Будва.
На денот на отворањето на новите продавници, секое 100-то купување е гратис, а за првите 100 купувачи подготвивме подароци. Оние што имаат картичка за лојалност Pikа ќе имаат можност да соберат двојно повеќе бодови и на денот по отворањето на продавниците, соопштија од трговскиот синџир, истакнувајќи дека акцентот на работењето на „Идеа" е на одделите за свежо овошје, зеленчук и печива.
Да потсетиме, брендот „Идеа" влезе на пазарот во Црна Гора на почетокот на март, кога и почна ребрендирањето на постоечките објекти на „Рода" во сите градови во земјава.