
„Гомекс“ отвори две нови продавници минатата недела, една во Долно Сајлово и една во Ратково. Ова се 114-от и 115-от објект во синџирот на „Гомекс“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Гомекс" отвори две нови продавници минатата недела, една во Долно Сајлово и една во Ратково. Ова се 114-от и 115-от објект во синџирот на „Гомекс".
Продавницата во новосадската приградска населба Сајлово се наоѓа на улицата „Сајлово 23", бр. 2а. Објектот се простира на продажна површина од 160 квадратни метри, а во асортиманот има околу 4.000 производи за широка потрошувачка. По завршената обука во во тренинг-центарот „Гомекс", во продавницата се вработени седум работници.
Продавницата во Ратково се наоѓа на улицата „Маршал Тито", бр. 11. Се простира на повеќе од 150 квадратни метри и во неа се вработени 7 работници. Ратково во својот асортиман нуди околу 3.000 производи за широка потрошувачка.
Во понудата на двата објекта, освен производите од основниот асортиман, што ја задоволуваат дневната потрошувачка, може да се најде и голем избор на свежо овошје и зеленчук, како и свежо месо на „Панони" во МАП-пакување (пакување во модифицирана атмосфера на гасови), што се пакува и стигнува директно од разладно-дистрибутивниот систем на „Гомекс".