
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Без дополнителени соли“, „намалена содржина на заситените масни киселини“ и „намалена содржина на шеќерот“ се трите нови изјави што производителите на храна ќе можат да ги стават на своите производи, заклучено е на Конференцијата за здравствени изјави, неодамна одржана во Љубљана.
„Без дополнителени соли", „намалена содржина на заситените масни киселини" и „намалена содржина на шеќерот" се трите нови изјави што производителите на храна ќе можат да ги стават на своите производи, заклучено е на Конференцијата за здравствени изјави, неодамна одржана во Љубљана.
На меѓународниот собир во организација на Институтот за нутриционистика, присуствуваа д-р Волфганг Гелбман од Европската управа за безбедност на храната (ЕФСА) од Италија, Белгиецот Патрик Копенс (EAS Strategis Advice), Елизабета Мичович од Министерството за земјоделство и заштита на животната средина на Словенија, Игор Правст и Анита Кушер од Институтот за нутриционизам од Љубљана, Андреја Мојшкрц од Здравствениот инспекторат на Словенија, како и Ружица Ваздар од Министерство за здравство на Хрватска.
Станува збор за насоки што на производителите и на инспекторатите ќе им ја олеснат примената на Регулативата 1924/2006, особено член 10, односно за посебни барања што мораат да бидат испишани на производите што носат здравствена изјава.
Игор Правст покажа негативни и позитивни примери од примената на таа регулатива на производите од Словенија, додека Ружица Ваздар од Министерството за здравство, Управата за санитарна инспекција од Хрватска, објасни како во моментот вршат согласување на националните прописи и ЕУ прописите во поглед на исхраната. Таа, по месеци до крајот на годината ги образложи сите активности што ќе се прават со цел согласување со законската регулатива и ЕУ прописите и ја објасни неопходноста од строга контрола и казнување на производителите на храна што нема да се придржуваат на усвоениот правилник.