
Компанијата „Меркатор“ – Црна Гора, во чии рамки работат маркетите „Рода“, го прошири синџирот на маркети на приморјето. Во петте новоотворени маркети во Будва, Бар и Сутоморе вработени се 80 нови работници.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Меркатор" – Црна Гора, во чии рамки работат маркетите „Рода", го прошири синџирот на маркети на приморјето. Во петте новоотворени маркети во Будва, Бар и Сутоморе вработени се 80 нови работници.
Будва доби два нови маркета, еден во близина на поштата и еден на обиколницата, а два маркета се отворени и во Сутоморе. Во маркатот „Рода" отсега ќе можат да пазарат и жителите на Шушањ, во Бар.
Во духот на добрите семејни пазарења по што е позната „Рода", во новите маркети во понуда е богат асортиман на квалитетни производи, по поволни цени, а за добрата услуга се грижи љубезен персонал. Нашите потрошувачи ќе бидат изненадени од бројните акции што ги подготвивме за нив, со цел да го разубавиме нивното пазарење во нашите маркети, соопштено е од компанијата „Меркатор" – Црна Гора.
Од оваа компанија известија дека во јуни презедоа пет малопродажни објекти од синџирот „Соларис" во Улцин и четири објекти од синџирот „Каќа" од Бар, со вкупно 152 вработени. Со цел зачувување на традицијата на овие маркети, „Меркатор" – Црна Гора, најави дека тие ќе ги задржат своите имиња.