
Менаџерскиот тим на „Хајнекен“-Хрватска има два нови члена: Петер Берманец – директор за продажба и Петер Хер – финансиски директор.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Менаџерскиот тим на „Хајнекен"-Хрватска има два нови члена: Петер Берманец – директор за продажба и Петер Хер – финансиски директор.
| Петер Берманец во компанијата работи од 2001 година. Работење како раководител на одделението за трејд-маркетинг, а по тоа го води одделението за клучни купувачи. Значително придонесе за унапредување на односот со клучните купувачи, фокусирајќи се на порастот на категоријата пиво и на профитабилноста; ја имплементира и ја развива стратегијата за развој на каналите на трговија; воспостави процес на заедничко планирање на клучните купувачи и ја унапреди компетентноста на секторот трејд-маркетинг, фокусирајќи се на клучните продажни канали. Пред доаѓањето во „Хајнекен"-Хрватска, Берманец работеше во компанијата „Кока кола"- Хрватска. Како директор за продажба во „Хајнекен"-Хрватска ќе биде задолжен за јакнење на позицијата на пазарот преку иден развој на продажбата во поглед на нови пазари, како и управување со портфолиото. Петер, ја наследи оваа позиција од Зоран Мабиќ, кој прифати нов предизвик надвор од „Хајнекен"-Хрватска. |
| Петер Хер на позицијата финансиски директор во компанијата „Хајнекен"-Хрватска доаѓа од местото директор за контролинг во компанијата „Зивијец". Значително допринесува во остварување на глобалните цели на компанијата „Хајнекен" во Полска, ја зголемува ефикасноста на контролингот, ја унапредува партенрската соработка на контролингот со другите функции и значително придонесува во промената на директната дистрибуција во Полска. На својата нова позиција, Хер ќе биде одговорен за финансиските резултати, за стратечките цели и за сите финансиски процеси, вклучувајќи го секторот за набавка и ИТ секторот во компанијата. |