
Интернационализацијата на работењето е една од основните стратешки цели за понатамошниот развој на „Атлантик група“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Интернационализацијата на работењето е една од основните стратешки цели за понатамошниот развој на „Атлантик група", примарно на пазарите на Западна и Северна Европа, како и на пазарите во земјите на ЗНД, се вели во соопштението на компанијата.

Групацијата спроведе стратешка реорганизација на целото дистрибутивно работење, кое е значаен сегмент за пораст и развој во регионот и пошироко. Дистрибуцијата на ниво на групацијата е реорганизирана преку две главни зони: зона Исток и зона Запад. Новата организациона едниница зона Исток ја сочинуваат Југоисточна Европа, Балтикот и регионот ЗНД, а зона Запад ги опфаќа Средна и Југозападна Европа, нордиските земји и сите прекуокеански пазари.
Зона Исток
Среќко Накиќ е именуван за потпретседател на зона Исток, кој ќе биде одговорен за сите менаџери што се надлежни за работењето во зоната. Секоја локална единица ќе продолжи со досегашните редовни практики, располагајќи целосно со сите оперативни функции и со целосна поддршка.
Зона Запад
Бојан Клариќ е именуван за потпретседател на зона Запад. Во секоја од териториите во оваа зона, фокусот ќе биде на класичниот малопродажен канал, со посебни тимови, кои ќе бидат посветени на специјалните дистрибутивни канали, вклучувајќи ги и спортскиот и етно-каналот. За да се искористат на најдобар можен начин локалното значење и стекнатото искуство, секоја дистрибутивна област ќе има локално управување со трговските марки, а со тоа и распределена корпоративна поддршка.