
Jana, спонзорот на хрватската фудбалска репрезентација, во пресрет на Светското фудбалско првенство, во текот на кампањата „Вода со порака“, на пазарот ја пласираше специјалната лимитирана серија шишиња Jana HNS.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Jana, спонзорот на хрватската фудбалска репрезентација, во пресрет на Светското фудбалско првенство, во текот на кампањата „Вода со порака", на пазарот ја пласираше специјалната лимитирана серија шишиња Jana HNS.
Оваа серија е единствена по приспособената „фудбалска" етикета и инспиративните пораки потпишани од страна на хрватските фудбалски репрезентативци. Фудбалските репрезентативци честопати и самите бараат инспирација за предизвиците со кои се среќаваат, а Jana ги инспирира сите луѓе да бидат подобри кон себе и кон другите.
Поради тоа, Jana и репрезентативците ги здружија силите околу идејата со иста цел – подигнување на навивачкиот дух и заедништвото. Излегувањето на пазарот е проследено и со наградната игра „На другиот крај на светот, со пет етикети на Jana". Сите што учествуваат во наградната игра ги следуваат бројни награди, а освен дресови, фудбалски топки и маици, главната награда е патување на Светското првенство во Бразил.