
По отворањето на ценатарот „Рода“ во август минатата година, компанијата „Меркатор-С“ утре, на 12 февруари, ќе го отвори новиот маркет „Рода“ во Крушевац.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
По отворањето на ценатарот „Рода" во август минатата година, компанијата „Меркатор-С" утре, на 12 февруари, ќе го отвори новиот маркет „Рода" во Крушевац.
Објектот е наменет за секојдневно купување на производи.
Од компанијата потсетуваат дека, покрај континуираните акции, во овој објект како и во сите продавници на „Рода" и „Меркатор", на купувачите им е овозможена поволност при купувањето со употребата на картичката „Пика" што овозможува попусти на стоката и до 6%, одложено плаќање до 30 дена, плаќање на 12 месечни рати без камата и др. Секое купување од над 100 динари, на корисниците на картичката „Пика" им носи по еден бод, додека со секое следно купување се зголемува бројот на бодовите, што носат заштеда.
Покрај поволностите при купувањето со картичката „Пика", „Меркатор-С" на потрошувачите им овозможи плаќање со чекови до 210 дена, без ограничувања во купувањето.