
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Јумис“, кон крајот на ноември, почна со нова производствена линија за зачини и супи, вредна повеќе од половина милион евра. Инвестицијата е резултат од соработката меѓу тимот експерти од „Јумис“ и германската компанија „Лудиге“.
Компанијата „Јумис", кон крајот на ноември, почна со нова производствена линија за зачини и супи, вредна повеќе од половина милион евра. Инвестицијата е резултат од соработката меѓу тимот експерти од „Јумис" и германската компанија „Лудиге".
Овој проект ја потврдува деловната политика на компанијата „Јумис" и подготвеноста за следење и примена на светските стандарди во прехранбената индустрија. Новата производствена линија претставува новост во технологијата на производство супи и зачини, соопштуваат од „Јумис".
Освен најсовремениот производствено-технолошки процес и светскиот квалитет на производите, дневните производствени капацитети се зголемени на 32 тони зачини и 300.000 парчиња супа. Со ова „Јумис" ја зајакнува стратегиската позиција на земјите каде што е присутна и има поголеми можности за освојување на нови странски пазари.