
Компанијата „Хенкел“ ја отвори новата производствена линија во фабриката во Крушевац и го претстави новиот производ на пазарот Bref Duo Stick.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Хенкел" ја отвори новата производствена линија во фабриката во Крушевац и го претстави новиот производ на пазарот Bref Duo Stick.
Како што е соопштено од компанијата, инвестицијата вредна 4,6 милиони евра, ќе допринесе за зголемување на производсвото и извозните капацитети на компанијата „Хенкел" во Србија. Новиот производ Bref Duo Stick ќе се произведува само во Србија, а ќе се извезува на пазарите во Европаската унија и останатите регионални пазари.
На свеченото отворање на новата зграда и претставувањето на новиот производ присуствуваа градоначалникот на Крушевац, Братислав Гашиќ и членовите на топ менаџментот на компанијата „Хенкел", Томас Милер Киршбаум, постар корпоративен потпретседател, директорот за истражување и развој, управување со процесите и синџирите за снабдување од секторот Детергенти и срества за домашна хигиена, Гинтер Тумзер, претседателот на „Хенкел" за централна и источна Европа, Волфганг Вебер, директорот за управување на производството за централна и источна Европа од секторот Детергенти и средства за домашна хемија, Кристоф Тил, претседател на „Хенкел" Србија, и Ференц Ердеи, директор на фабриката „Хенкел" во Србија.
Големо е задоволството што се собравме сите на ваков важен настан. Во текот на повеќе од 10 години откако ја приватизиравме „Мерима" во 2002 година, „Хенкел" инвестираше повеќе од 130 милиони евра во Србија и успешно работи на три локации во Белград, Крушевац и Инџија. Денес снабдуваме повеќе од 55 милиони потрошувачи во регионот и извезуваме брендови од нашата фабрика на 15 регионални и пазари од Европската унија, кажа Тил.