
Стечајната управа на фабриката „Бјеласица Рада“ распиша оглас за продажба на имотот на компанијата, по вкупна почетна цена од 1,72 милиони евра.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Стечајната управа на фабриката „Бјеласица Рада" распиша оглас за продажба на имотот на компанијата, по вкупна почетна цена од 1,72 милиони евра.
Во понудата што ќе биде отворена на 1 февруари годинава, на продажба ќе бидат понудени: објектот на фабриката за флаширање на водата со површина од 2.970 м², за околу 772.000 евра; машини, опрема и возила за околу 576.000 евра; цевовод „Љешница" со должина од околу седум километри, за 56.000 евра.
Земјиштето во Љешница со површина од 1.950 м² се продава за 3.620 евра, земјиштето во кругот на фабриката за 165.800 евра, како и тоа во кругот на старата пекарница за 140.920 евра.
Право на учество имаат граѓани и компании кои ќе уплатат депозит од 5 отсто од почетната цена на имотот.
Критериумот за избор е исклучиво највисоката понудена цена, која не е пониска од почетната.
Стечајот во компанијата е почнат во мај на барање на работниците, кои повеќе од една година не примиле плата.