
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Маркетот „Туш“ е сместен во просториите на некогашната дрогерија на „Туш“. Во маркетот има одделение за овошје и зеленчук, одделение за леб од сопствена пекарница, понуда на пакувани месни производи и одделенија за прехранбени и непрехранбени програми.
Маркетот „Туш" е сместен во просториите на некогашната дрогерија на „Туш". Во маркетот има одделение за овошје и зеленчук, одделение за леб од сопствена пекарница, понуда на пакувани месни производи и одделенија за прехранбени и непрехранбени програми.
Новиот маркет „Туш" e за сите граѓани на Марибор на кои им треба брза и ефективна градска купувачка, објаснуваат во „Туш".
Тоа е нивниот втор градски маркет во претходните месеци, а последниот го отворија кон крајот на минатата година на „Љубљанска цеста". Од градското јадро имаат специфични потреби и свесни сме дека нашата понуда може да го олесни секојдневието и поради тоа на нашите купувачи сакаме да им се приближиме со целокупната услуга, изјави претставничката за медиуми на „Туш", Ања Мајерич, објаснувајќи ја нивната одлука дека не ја напуштаат, туку ја зајакнуваат присутност во градските центри. Посебно внимание им се посветува на понудите како салати, сендвичи и кафето за носење.
За квалитетот на услугата се грижат 10 вработени.